Меџити: Груби и другите Артанци да си поднесат оставки пред народот кој никогаш не ги гласал

од Stefanija Kuzmanovska
146 прегледи

Потпретседателот на ДУИ и пратеник во Собранието, Изет Меџити им порача на жителите на Сарај дека вчерашниот собир е „Гласот на народот, гласот на вистината и токму тука сакаат да ја донесат ДУИ“.

Меџити упати апел до Артан Груби, да не помисли дека со разрешување на некои функционери, дарувајќи ги нивните позиции на Алијанса, бидејќи тие се моќни и без функции и тоа веќе 20 години, колку што допринесуваат во ДУИ.

-Артан Груби и другите Артанци да си поднесат оставки пред народот кој никогаш не ги гласал. Со измама стана пратеник во 2016 година, кога мнозинството гласови беа на Сарај, со измама влезе во владата во 2020 година без никаков глас од граѓаните и без одобрение на претседателството, порача Меџити и додаде дека Артан Груби освен што ја ослабува ДУИ, секојдневно го ослабува и Али Ахмети, опкружувајќи го со Мендух Тачи, Арбен Таравари и многу други.

На ДУИ, рече Меџити, и требаат реформи, а реформите треба да почнат со оставка на Артан Груби и неспособните министри.

Организацискиот секретар на ДУИ и градоначалник на Сарај, Блерим Беџети рече дека извршната власт не мрда со процесот на децентрализација, тоа го отежнува развојот на албанските општини, а проектите се реализираат заедно со многу стопанственици од општината.

-Граѓанинот на Сарај не е застапен на ниту едно ниво, структурата на Сарај не е застапена ниту во министерства ниту во владата. Се што прави Артан Груби е личен протагонизам и побара од него да си поднесе оставка пред граѓаните и пред раководството на ДУИ, рече Беџети.

Додаде и дека ќе ја продолжат оваа битка додека не ја обединат ДУИ.

Слични содржини