
Министерството за финансии во реакција на соопштението на СДСМ за јавниот долг, наведува дека тоа е класична манипулација на партијата како дел од ПР кампањата која ја водат за јавниот долг.
„Секој кој ќе ја отвори веб-страната на Министерството за финансии може да го прочита извештајот за јавниот и државниот долг и да види дека и државниот и јавниот долг се намалени во последниот квартал од 2016 година“, се наведува во реакцијата.
Појаснуваат дека состојбата што е објавена од Министерството за финансии вчера е заклучно месец декември и оти методолгијата која се применува за пресметка и прикажување на јавниот долг е усогласена со ММФ.