„Ми нудеше стан и порше“: Памела Андерсон откри како разбеснила познат актер

од Stefanija Kuzmanovska
260 прегледи

Памела Андерсон тврди дека познатиот актер Силвестер Сталоне ѝ понудил да биде негова „девојка број еден“.

Откако ја шокираше јавноста со признавањето дека се обидела да ја убие дадилката, најпознатата русокоса го шокираше светот со тврдењето дека Силвестер Сталоне ѝ понудил кули и градови за да биде со него. Таа тврди дека познатиот актер ѝ понудил недвижен имот и луксузни автомобили, сето тоа за да биде негова „девојка број еден“.

„Ми понуди Порше и стан за да му бидам девојка број еден. Го прашав дали тоа значи дека има девојка број 2? Ми рече дека тоа е најдобрата понуда што ќе ја добијам бидејќи сега сум во Холивуд. А јас сакав само љубов. Не сакав ништо помалку од тоа“, низ смеа изјави Памела Андерсон.

Сето ова е во нејзиниот автобиографски документарец кој ќе биде објавен на 31 јануари.

Агентите на Сталоне сепак ги негираат овие наводи.

„Изјавата на Памела Андерсон во врска со нашиот клиент е лажна и измислена. Господинот Сталоне потврдува дека никогаш не кажал или понудил нешто од она што е во нејзината изјава“, соопшти неговиот ПР оддел.

Памела и Силвестер никогаш не биле заедно, но познато е дека актерката зад себе имала неколку бракови. Таа дури напишала во својата книга дека единствениот маж што вистински го сакала е нејзиниот сопруг Томи Ли, со кој била во брак од 1995 до 1998 година и со кого ги добиле синовите Брендон и Дилан.

Слични содржини