„Ми се гади од помислата, подобар си од тоа“: Том Брејди во врска со Ким Кардашијан? (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
472 прегледи

Том Брејди се разведе од сопругата Жизел Бундхен минатата година по 13 години брак. Се чини дека Том нема проблем да најде нова љубов, а се почесто го поврзуваат со една од најпознатите жени во светот, Ким Кардашијан.

На големо се шпекулира дека Том и Ким се веќе извесно време во врска, а Дејв Портној – основачот на Barstool Sports и голем фан на New England Patriots – излезе во јавноста со малку бизарна изјава. Портној го советува Брејди да не оди „на долги патеки“.

„Том, не излегувај со жени од семејството Кардашијан. Ако ти си паднал на тоа ниво, тогаш сите ќе паднеме со тебе. Ми се гади од помислата дека можеш да бидеш со неа. Ако веќе сакаш да ја е**ш, направете го тоа во мотел и пофали се пред пријателите. Жешка е, милионерка е, но се е** пред камера за да стане позната. А ти си Том Брејди, подобар си од тоа. Ако не си подобар од тоа, тогаш никој не е. Ти не си за светот на Кардашијан, не сакам да те видам таму“, вели Портној во видеото објавено на Твитер профилот на Barstool Sports.

Слични содржини