Ми се темни од “добронамерните” совети на многумина кои со молчење и со вртење на главата си ги спасуваат бизнисите, платите, фамилиите, животите

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Се изнаслушав муабети како Оги “претерал” со активизмот, како “требало да биде поумерен во критиките кон власта”, како “си ставил глава у торба”, како “зезнал одличен бизнис” и така натаму. Ми се блуе од такви опортунистички фазони.

10672398_10153304922986416_7962475425657000283_n

Ми се темни од “добронамерните” совети на многумина кои со молчење и со вртење на главата си ги спасуваат бизнисите, платите, фамилиите, животите. Од оние кои порадо би се правеле при очи слепи и при уши глуви, отколку гласно да се спротистават на убиства, криминал и пустошење на нивната земја.

Ми се темни од оние кои сите овие години во себе не најдоа минимум човечност и солидарност за барем да се побунат против неправдите кои им се нанесуваат ако не ним, на нивните сограѓани и пријатели. Со ова немам намера ниту да го глорифицирам Оги, ниту пак да го сожалувам. Ниту него, ниту било кој од оние ХРАБРИ луѓе кои се на улиците сите овие долги и мачни десетина години.

За мене секој оној кој на било кој начин го искажал својот револт против оваа мафија е херој, затоа што, верувале или не, драги безгласни сограѓани, сите тие луѓе исто како и вас, имаат свои бизниси, фамилии и животи. Се гледаме денес во Излет. #протестирам #protestoj #шаренареволуција

Соња Исмаил Огненоска
фејсбук статус