„Ми влезе меѓу нозете и се наби на мене“: Вознемирувачкото сведочење на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
898 прегледи

На актерката Гвинет Палтроу ѝ се суди за несреќа на скијање која се случила во 2016 година.

Неа ја тужи Тери Сандерсон, кој тврди дека актерката неконтролирано скијала и го удрила со голема брзина и дека во таа прилика се здобил со трајно оштетување на мозокот, скршил четири ребра, а поради траумата паднал во депресија.

Тој навел дека по падот, Гвинет врескала по него и се оддалечила, а не се ни понудила да му помогне.

Сега тој од неа бара отштета од 300.000 долари.

Актерката сведочеше вчера, а судењето се пренесуваше во живо. Нејзиното сведочење ги шокираше сите. Имено, Гвинет тврди дека Тери налетал на неа, а не обратно.

„Неговото тело ме притисна одзади, па буквално се заледив од страв. Со скиите ми влезе меѓу нозете и се наби на мене, па во еден момент помислив дека нешто перверзно и чудно се случува“, изјавила актерката.

Таа нагласи дека не го обвинува Сандерсон за сексуален напад, туку дека тогаш не ѝ било сеедно бидејќи слушнала воздишки и грофтања.

„Мојот мозок само се обиде да го поврзе она што се случува зад мене“, тврди Палтроу.

„Рековте дека маж удрил во вас. Како знаевте дека е маж?“, ја праша адвокатот на Тери.

„Ја почувствував тежината на целото негово тело над мене, а звуците на стенкање што ги слушнав беа типично машки“, одговори Гвинет.

Таа се осврна и на обвинувањата на Сандерсон дека не му помогнала по несреќата и дека му викала.

„Не се сеќавам дали врескав, но бев бесна. Чувствував дека неговите скии ми ги шират нозете. Некое време се движевме по падината, а потоа паднавме“, тврди актерката, а каков ќе биде епилогот од судењето останува да видиме.

Слични содржини