Џеси Тајлер Фергусон, кој се прослави со улогата на Мичел од серијата „Модерно семејство“, неодамна за време на редовен лекарски преглед дознал дека има рак на кожата.
Како што се наведува, актерот навреме го открил ракот, а сега се огласи и тој самиот.
После неговата порака, бтојни фанови веднаш закажаа преглед и му го јавиле тоа на Џеси, заблагодарувајќи му се за советот и надевајќи се на најдоброто.
Фергусон ја поведе постапката во понеделникот, по што ги повика своите следбеници и ја соопшти неговата состојба.
„Само за да ве потсетам редовно да одите на лекар. Особено кај дерматологот, ако имате бледа кожа како мене. Кога и да заминам, останувам без нешто. Овој пат, тоа беше рак на кожата… Но, не грижете се, беше откриен на време, ќе бидам добро. И да, мачкајте се со крема за сончање“, напишал актерот.