Мицкоски – Џанг Ѕуо: Негирањето на украинскиот народ наликува на бугарското негирање на македонскиот јазик и идентитет

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Владо Мисајловски и меѓународниот секретар на партијата Стефан Андоновски денеска се сретнаа со амбасадорот на Народна Република Кина во земјава Џанг Ѕуо.Соговорниците, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, разговараа за актуелната политичка и економска состојба на државата, како и руската инвазија врз Украина.Според Мицкоски, во земјава има висок степен на криминал и корупција, државата тоне на економски план поради, како што се наведува, лошото менаџирање и неспособноста на владата на СДС и ДУИ.Мицкоски се осврна и на руската инвазија кон Украина, потенцирајќи  дека руската агресија на независноста и суверенитетот на Украина носи само штета и за народите на Украина и Европа, и за економијата и инфраструктурата во поширокиот европски регион.

-Негирањето на идентитетот, јазикот и самобитноста на украинскиот народ наликува на бугарското негирање на посебноста и самобитноста на македонскиот јазик и идентитет. Ова однесување е неприфатливо за 21виот век, се вели во соопштението. Мицкоски се заблагодари за позитивната соработка и поддршка од страна на Народна Република Кина за нашата држава во областа на економијата и инфраструктурата, и ги поздрави традиционално пријателските односи помеѓу двете држави.

Слични содржини