Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во својот говор говореше за лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Кога сме кај Демократската унија за интеграција, зошто кога зборува Али Ахмети за заедништво помеѓу Албанците и реализирање на националниот интерес на Албанците тој е патриот, а зошто јас кога зборувам за македонскиот национален интерес, тогаш сум прогласен за националист. Што е разликата помеѓу едното и другото? Али Ахмети сака да зборува за европска иднина за да не зборува за живозапалените во модуларната болница во Тетово, затоа што ако не зборува за некаква си европска иднина каде што нема никакви вредности кои што ги споделува, тогаш ќе треба да зборува за трагедијата на „Беса Транс“ каде што десетици наши сограѓани го загубија својот живот затоа што некој член на Демократската унија за интеграција кој што се наоѓа на некаква важна позиција во државата дал согласност вака неисправно возило да се управува. Затоа што треба да зборува за илјадниците Албанци кои што ги празнат селата во Македонија. Затоа што ќе треба да зборува за економското цунами, пљачката и криминалот кој што го донесоа во Македонија, наместените тендери, договорите во четири очи. Затоа што ќе треба да зборува, нели за зелената агенда, а од зеленото „З“ не видовме, туку напротив, избори се ближат и повторно се враќаат на веќе проверената карта, а тоа е да го делиме народот и да зборуваме за национализам“, нагласи Мицкоски.