Мицкоски: Ако изборите не бидат успешни, може да влеземе во континуиран процес на избори и државата тоа нема да го издржи

од Nikola Popovski
407 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека неговата партија нема да ги бојкотира претседателските избори, со оглед дека, како што вели, кандидатот на неговата партија во првиот круг ќе води пред кандидатот на ДУИ и СДС отприлика околу 100.000 гласови.

-Нема потреба зошто да ги бојкотираме, друго е прашањето кои се предизвиците со коишто ќе се соочи Македонија во периодот кој следи, а кои е поврзани со тој изборен процес и парламентарните избори, изјавил Мицкоски во гостувањето на „Радио Лидер“.

Мицкоски нагласил дека ако изборите не бидат успешни, тогаш може да влеземе во континуиран процес на избори и државата тоа нема да го издржи.

Тој нагласил уште еднаш дека под овие услови ниту сега, ниту во иднина ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи Бугарите да влезат во Уставот.

Мицкоски додал дека досега Бугарија нема покажано добра волја кон Македонија.

-Што е тоа што ќе покаже Бугарија како знак на добра волја дека навистина во иднина нема да има било каква било каква опструкција кон Македонија. Што е тоа што Бугарија го покажа и го манифестираше? Јас од таму не гледам сигнали освен тоа што молчат, рекол претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини