Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повтори својот став дека Македонија е пред Црна Гора и Албанија кога се работи за исполнување на реформите на патот кон членство на ЕУ. Тоа вели дека го констатирале на состанокот на Комитетот за Планот за раст.
-Имавме некни состанок заедно со одговорните министерства. На тој состанок сите се погледнавме во очи и сите констатиравме во суштина дека сме најдобри. Не се фронтранери Црна Гора и Албанија туку ние сме. Ние сме. Само некако тоа срамежливо го кажуваме. На 19-ти месецов имаме закажано брифинг со новинари и тоа ќе биде на маса со примери и бројки. Но, за жал, ние имаме други пречки кои што тие ги немаат и кои што никој друг ги нема, рече Мицкоски за евроинтеграциите на Македонија.