Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски апелира до пратениците да ја поддржат иницијативата на пратеничката група од неговата партија, за продолжување на рокот на важноста на патните исправи и личните карти.
-Ете беше Талат Џафери во Брисел, се гостеваше и се врати назад – нема резултати. Ги повикувам пратениците да стават крај на голготата на македонските граѓани, да не бидеме затвореници поради недржавните политики на владата и да не биде притвореници. Да се поддржи законот со кој ќе се продолжи важноста на личните документи како личните карти и пасошите, рече денеска Мицкоски од општина Кавадарци.
Возачките и сообраќајните дозволи веќе се менуваат бесплатно и тоа ќе трае до 31-ви декември 2024. Надлежните бараат начин за обесштетување на тие кои платиле.