Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека како Влада работат до доцна навечер и сигурно вицепремиерот Арбен Фетаи и Изет Меџити имале состанок на кој имало потреба и поврзани работа со Владата. Ова следува откако пред десетина дена, службените возила на двајцата функционери биле фатени во 23 часот навечер паркирани на булевар кај ТЦ „Мавровка“, во непосредба близина на партискиот штаб на ВЛЕН.
Според премиерот, доколку возилата биле користени за партиски цели и приватно, тогаш двајцата вицепремиери треба да им се извинат за граѓаните затоа што ги трошат нивните ресурси.
-Доколку биле на состанок на тема поврзана со владините политики, тогаш во ред. Претпоставувам тие ќе го дадат одговорот, а и јас ќе ги прашам, кажа денеска Мицкоски на пуштање во употреба на затворен базен во Кисела Вода.
Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на владејачката коалиција ВЛЕН, Биљалл Касами, за користењето на службените возила од страна на функционерите и негови партиски колеги, вели дека тие биле на некој состанок во служба на позицијата што ја носат. Касами, како што рече, не верува дека Меџити и Фетаи се состанале за политички работи без и тој да биде присутен.
„Јас не знам за каков состанок се работи, не знам ни дали биле по партиски цели зошто не сум бил јас дел од таков состанок, бидејќи двајцата се дел од Владата можеби тука или негде во близина биле на некој состанок во служба на позиција што ја носат. Со тоа што јас не сум бил дел од таа средба, не верувам дека се состанале за политички работи без да бидам јас присутен“, рече неодамна Касами.