Мицкоски бара предвремени избори до крајот на годината за „стабилизација и нормализација“

од Nikola Popovski
439 прегледи

Понудата на Ковачевски беше две третини, почетокот на процесот, ВМРО-ДПМНЕ во Влада, завршување на процесот, отпочнување на преговори, завршување на 2-3 поглавја и одење на избори. Мојата позицијата беше во ред, но без ДУИ во Влада. Го почнуваме процесот, со преодни и завршни одредби, кои велат уставните измени ќе важат кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во парламентите на земјите-члнеки на ЕУ. Тоа беше мојот контра-предлог. А потоа мојот предлог беше ако е така, логично е да одиме на предвремени парламентарни избори затоа што нема дополнителна причина зошто оваа влада да остане таму каде што е, рече лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски во изјава после лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Во однос на ресорите што ВМРО-ДПМНЕ би ги добиле во широката Влада, Мицкоски информира дека не знае што следи.

-Предлозите се на маса, нека не брза, нека размисли за заклучокот. Стојам на располагање. Кај нас за стабилизација и нормализација се потребни избори и тоа можеме да го завршиме до крајот на годината, кажа лидерот на најголемата опозициска партија.