Мицкоски би бил најсреќен доколку ме удри трамвај во Будимпешта, тврди Груевски

од Nikola Popovski
637 прегледи

Во низата реакции и обвинувања, поранешниот премиер Никола Груевски синоќа повторно испрати порака кон неговиот наследник во ВМРО-ДПМНЕ, како и раководството на партијата. За Христијан Мицкоски, Груевски вели дека „би бил најсреќен да го удри некој трамвај во Будимпешта“, при што додава: „Не се јавував јас вчера и денес кај угледни партиски луѓе туку тој со ултиматумот: или ќе ме подржиш, или си со Груевски“.

Поранешниот претседател на Владата, кој моментално е азилант во Будимпешта, исто така порача дека не нападнал никого.

Седма година по ред дисциплинирано премолчувам многу ваши глупости, погрешни одлуки и неконзистентности. Сега ме нападнавте и ме приморавте да ви вратам. Нема да ви молчам, а вие да ме газите, истакнува екс-премиерот во бегство.

Дел од неговите поенти во објавата на социјалните мрежи е и делот каде што му порачува на раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека се „арогантни и дека ги има обземено злоба“.

ВМРО-ДПМНЕ синоќа во партиското седиште одржа редовна седница на Централниот комитет на која, како што информира партијата, се реафирмираа ставовите кои беа изнесени во јавноста минатите денови, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ го осуети планот на власта, „на оската ДУИ – СДС и поранешни функционери на опозицијата кои одлучиле да се стават на нивно располагање, преку валкани дилови за причини само ним познати, а кои директно ќе одат на штета на македонскиот народ“.

Слични содржини