Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не гледа проблем во тоа да ги пушти неговите деца да живеат во еден од студентските домови во земјава.
-Секако дека би ги пуштил во студентски, но најважно е да се види што може да се направи за студентите да имаат подобри услови, бидејќи тоа го има во програмите на сите политички партиии и треба да се постигне заеднички консензус. Да, да апсолутно. Но, не станува збор дали тука би ги пуштиле или не би ги пуштиле, туку ајде да направиме нешто добро за тие деца таму. Колку повеќе навлегуваме во таа глупавост што шокира на власта и владините политичари, толку повеќе и ние се навлекуваме на таа реторика, изјави Мицкоски во интервју за Радио Лидер.
Претседателот Стево Пендаровски синоќа изјави дека неговиот син е втора година на факултет и дека не би го пуштил да живее во студентскиот дом „Стив Наумов“.
-Условите во домот ги знам, беа грозни уште тогаш и не гледам дека нешто битно се сменило. За жал, не гледам дека системски се менуваат работите, рече Пендаровски во емисија.