Мицкоски бил навикнат на закани, немал да пријавува во полиција

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ зборувајќи за заканите упатени кон него и неговото семејство, рече ќе продолжи да се движи слободно бидејќи не се чувствува дека на некој нешто му погрешил за да биде исплашен.

-Навикнат сум на таков тип на закани петта година по ред и не е тоа нешто ново да мене ми се случува и на моето семејство, и тие се навикнуваат веќе на ваквите закани. Тоа е амбиентот во кој живееме во Македонија. Секоја недела по некое ново убиство, се закануваат на политичари луѓе кои не им е прв пат тоа знаете има и такви кои многу пати досега се заканувале, изјави Мицкоски.

Тој рече дека не пријавил во полиција и нема намера да пријавува.

– Сум кажал многу пати во минатото дека јас сум единствен претседател на партија кој од државата нема обезбедување и покрај тоа што има загрозена безбедност, но сега нема да го прифатам и да ми го даде Спасовски или Зарко од агенцијата за национална безбедност, рече Мицкоски.

Слични содржини