Премиерот Христијан Мицкоски, на свечената академија „Од идеја до држава“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври посочи дека во денешно време се соочуваме со поинакви предизвици, но со подеднакво значење за иднината на нашата држава и народ.
-Како премиер на државата, свесен сум за секој еден од нив, и покрај сите нив, еден од најважните е битката за стандардот и подобриот живот. Тоа е она што го бара и што му е потребно на народот. И битката за Европската Унија треба да се гледа низ поривот за подобар живот и стандарди, и затоа таа наша цел, и покрај сите удари и пречки, остана патот што сакаме да го изодиме. И овој пат е наше природно право, и иако многу пати откажувањата што ги направивме не беа фер, народот со разочарување и со кнедла во грлото ги прифаќаше. Не е едно, не се две, туку тоа полека станува непринципиелен начин на однесување, подвлече премиерот во своето обраќање на свечената академија „Од идеја до држава“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври во Македонскиот народен театар.