Мицкоски: Бранителите ја имаат мојата недвосмислена поддршка

од Nikola Popovski
957 прегледи

Бранителите ја имаат, ја имале и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка. Овој закон е поднесен од пратеничката Славјанка Петровска и интересно е што кога се гласаше за потребата за носење на дневниот ред, СДСМ ја напушти седницата. Самата пратеничка не го поднесува законот затоа што им мисли добро на бранителите, туку за да создаде повторно етнички тензии и нетрпеливост. Таа е картата на која тие и другите опозициски партии ќе играат во периодот што следи, вели премиерот Христијан Мицкоски за предлог-законот за бранители поднесен во Собранието кој ја бранува јавноста.

Премиерот истакнува дека „тие не знаат како да ја кренат економијата, како да изградат или направат нешто добро, но се мајстори за создавање тензии“.

-Речица и Бихаќка имаа седум години можност за овие теми. Не можат поинаку да мобилизираат луѓе. Од командати излегуваат милионери, исто како што од голтари, излегоа милионери, кажа Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при пуштањето во употреба на спортско рекреативниот центар „Бранители“ во Љуботенски пат во Општина Бутел.

Слични содржини