Мицкоски: Цената на црешите не е 500 денари за килограм туку од 200 до 300

од Nikola Popovski
50 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска запрашан дали се планираат мерки во однос на цените во маркетите и продавниците. На констатација на новинарка дека цената на црешите се движи до 500 денари за еден килограм, Мицкоски вели дека тоа не е точно и дека се движат од 200 до 300 денари за килограм, но и дека тоа е многу.

-Тоа е така заради студот и тоа што беше елементарна непогода за црешите. Истото го афектираше и ресенското јаболко. За жал родот ќе биде преполовен. Ретка е понудата на трпезата…До состојбата со цените, ја следам одблиску и реков дека нема да толерирам трикови. Внимателно следиме што се случува во маркетите. Доколку има непринципиелни однесувања, ќе делуваме. Имаме во план да носиме мерки. Јавноста ќе биде благовремено известена, кажа премиерот во рамки на настанот „Од нива до трпеза – сè од нашата општина“ во општина Аеродром.

Според податоците на Државниот завод за статистика, за една година животот поскапел за 3,3 проценти.