Мицкоски: Човечки е да се побара Прочка, но тоа не значи и немање на одговорност за сите оние кои ни го прават живот потежок

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници им го честитам празникот Велики поклади – Прочка. Простувањето е личен подвиг во кој човекот ги победува своите слабости, недостатоци и грешки кои сите ние ги имаме, сподели денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Во најдлабоката суштина на сето ова е стремежот да бидеме подобри, почовечни, да ги сакаме ближните и да се бориме за работите кои веруваме. Во центарот на таа борба е иднината на нашите семејства, пријателите, народот, иднината на нашата Македонија. А за тоа е потребно волја и верба, чист образ и многу работа.

И во тој контекст никогаш не ми е тешко да ја побарам прошката за работите кои можеле да бидат поинакви и подобри, од моите блиски, соработниците, од народот во кој цврсто верувам.

Човечки и исправно е да се побара прочка од оние кои му значат на човека.

Но, воедно тоа не значи и немање на одговорност за сите оние кои си поигруваат со заедничката иднина на сите и го прават живот потежок.

Само заедно, едни до други, со чисто срце и верба во Бога можеме да се избориме за посреќна, постабилна и просперитетна иднина“, вели Мицкоски.

Слични содржини