Мицкоски: Делото на Свети Климент Охридски треба да ни биде светол пример

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Поминато е повеќе од еден милениум од животот и творештвото на Климент Охридски, но неговата заслуга не само што не е заборавена, туку преставува свет аманет за секој од нас, да го негуваме јазикот, творештвото и верата како суштина на еден идентитет на еден народ, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на отворената дебата на тема „Македонија, придонесот и континуитетот од Св. Климент Охридски до денес“.

„Светиот Климент Охридски преку својата силна волја и истрајност ни покажува дека еден народ може да се избави од културното ропство и културниот јарем врз него и да се избори за својата посебност под ова небо преку описменувањето и просветителството го избавил својот народ од мрак и не дозволил да се претопи во нешто што не е“, рече Мицкоски.

Денеска, како што кажа, го славиме и одбележуваме вонвременското дело на овој светител и словенски учител кој работел и творел на македонската земја.

Верувам, додаде, дека човекољубието и добрите дела на секој поединец може да мотивираат некој друг да се приклучи и така сплотени да се избориме за подобра иднина и подобар живот.

„Делото на Светиот Климент Охридски е светол пример кој треба да го следиме и да ги подигнеме сите капацитети на Македонија да ја издигнеме од пепелот. Оваа земја дала и истрајни и силни по дух ликови. Оваа земја дала и храбри и одлучни луѓе кои ја прославиле по своите хумани и просветителски дела. Македонија се уште дава такви луѓе, но тие сега се чувствуваат потиснати од шундот и нечовечноста. Наша цел е тие луѓе да ги сплотиме и обединиме без разлика како се викаат и од каде доаѓаат. Битно е да се чесни и да и сакаат добро на Македонија и на народот. Тоа е нашата визија“, потенцира Мицкоски.

Слични содржини