Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го демантираше лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари кој синоќа изјави дека првиот човек на опозицијата нема ништо против отстранување на формулацијата „20%“ од Уставот.
-Целосно го демантирам тоа што е кажано. Никогаш јас и тој не сме разговарале на оваа тема. Сме разговарале на оваа тема, но со некои други, како што правиме понатаму таму со правилото Бадентер, до кога ќе живееме во апартхејд, каде што малцинството го владее мнозинството, што правиме со правилото балансер…Уште утре сум подготвен да зборувам за ова. Сум против Македонија да биде дефинирана како бинационална држава. Официјален јазик во Македонија е македонскиот.
Таравави синоќа емисијата во „Клик плус“ кажа дека за менување на формулацијата 20% со албански јазик во Уставот, зборувал и со ВМРО-ДПМНЕ и дека Мицкоски немал ништо против да се тргне.