Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски го спореди изгласувањето на Извештајот за Македонија во Европскиот парламент, без термините македонски идентитет и јазик, како голема неправда. Според него, овој ден е ист на низата неправди во современа Македонија „како деновите кога се менуваше знамето, референцата ФИРОМ, блокирањето кон НАТО, промената на името, насилните упади, болната транзиција…“.
Тој на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ побара спротивставување на неправдата, но смета дека блокадата е започната уште во 1990 година кога бугарската држава ја призна посебноста на македонската држава, но без јазикот и народот.
Мицкоски најави мобилизирање на своите редови и своите пријатели и сојузници, бидејќи, како што вели, ова е борба за фундаментални основни човекови права и вредности.
-Ние сме на вистинската страна од историјата, а за Бугарија, видовме низ историјата, дека знае да ја утне вистинската страна, рече меѓу другото премиерот и порача дека нема да дозволи „ново предавство“.