43
Премиерот Христијан Мицкоски му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да не живее во минатото и да се фокусира на иднината, реагирајќи на најавите за можни протести од страна на ДУИ.
Мицкоски истакна дека Ахмети треба најпрво да се соочи со фактот дека околу него има милионери кои се збогатиле на грбот на граѓаните, наместо да се заканува со излегување на улица. Според него, тоа е една од причините зошто ДУИ се наоѓа во опозиција.
„Ако Ахмети е мудар, како што сака да се прикаже, ќе извлече поука и ќе направи суштински реформи и програмски и кадровски. Со нови луѓе и нова понуда, нека излезе пред граѓаните и нека ја побара нивната доверба“, порача Мицкоски.