Мицкоски до Дрекслер: Потребно е Македонија да се стави на брза трака кон ЕУ

од Nikola Popovski
782 прегледи

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, остварил средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.

Според партијата, на средбата Мицкоски ги презентирал заложбите кои ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ги има, а тоа се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата.

-Потребно е Македонија да се стави на брза трака кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој и да се подобри животниот стандард на граѓаните.

Борбата против криминалот и корупцијата се клучни, бидејќи владата на СДС и ДУИ ја деградираше државата по сите основи, а најмногу на тоа поле. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за сите граѓани на државата, а не како до сега СДС и ДУИ, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ за средбата.

Пред неколку дена, германската амбасадорка во изјава за македонските медиуми истакна дека ќе биде важно дали идната влада ќе ја продолжи  јасната стратешка насока во надворешната политика на земјата и дека  решително  и доверливо ќе ги спроведе потребните чекори на патот кон ЕУ.

-Преспанскиот договор е обврзувачки договор, според меѓународното право. Тој важи. И Северна Македонија е обврзана на него. И мислам дека е многу важно за позиционирањето како доверлив партнер, во меѓународната заедница, да не се појави сомнеж, дека обврзувачките договори според меѓународното право ќе бидат почитувани и од идната влада, посочи Дрекслер во интервју.

Слични содржини