Мицкоски до Левица: Според вас подобро ќе беше да биде избран некој од противкандидатите на Шекеринска

од Nikola Popovski
1,3K прегледи

Објаснив дека иако имаме дијаметрално големи разлики идеиолошки и стратешки, секогаш кога станува збор за македонски национален интерес сум спремен да поддржам секого, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратенички прашања од пратениците на Левица. Тој беше запрашан зошто како Влада дале поддршка за екс-министерката Радмила Шекеринска да биде нов заменик-генерален секретар на НАТО.

Како што истакна Мицкоски, „логично е како премиер на цела Македонија да донесам одлука во која што заедно со луѓето во тие ресори ќе покажеме тоа што зборуваме“. Премиерот информира дека Шекеринска имала четворица противкандидати за функцијата во најголемата воена алијанса.

-И другпат кога ќе има ваква прилика, секој македонски граѓанин од мене ќе биде поддржан во било која светска институција. Секогаш кога јас сум во Владата, ќе се водам од државните интереси, кажа премиерот и додаде:

-Можеби според вас подобро ќе беше да биде избран некој друг од четворицата кандидати, но за мене тоа не е подобро.

При обраќањето од собраниската говорница, Мицкоски го нарече лидерот на Левица, Димитар Апасиев – „насилник“, поради претходниот инцидент во собраниските клупи.

Зовре атмосферата во Собрание меѓу Апасиев и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

На зборовите на премиерот, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил додаде дека „непринципиелно е да поддржува некого, а да го обвинува за криминал“.

-За вашата подадена рака, ние како партија најмалку петпати се сретнавме со вас, а со СДСМ ниту еднаш. Ние понудивме македонска платформа, а вие ги наградивте. Лажете и вие и Заев и Шекеринска, додаде Исмаил.

Слични содржини