Мицкоски домаќин на Ифтарска вечера

од Nikola Popovski
158 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа бил домаќин на Ифтарска вечера. Им посакал мир и радост на сите граѓани кои го слават месецот Рамазан.

-Во време кога припадниците од исламската вероисповед го слават месецот Рамазан, ми беше особена чест да организираме Ифтарска вечер за нашите членови и пријатели од исламска вероисповед. Моја беше честа да разговараме за актуелните предизвици, тешкото време и иднината за која мораме заедно да се бориме. Македонија и проблемите во земјата се на сите луѓе, и нашата одговорност за создавањето на иднината е подеднаква и заедничка. Нека големите празници донесат мир и спокој, обединување и радост каква сите луѓе заслужуваат, порачал Мицкоски.

Покрај него, и премиерот, Димитар Ковачевски беше домаќин на Ифтарска вечер, на којашто присуствуваа поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, министри и членови во Владата, претседателот на Собранието, Талат Џафери, пратеници, претседатели на политички партии, уредници и други гости.

Слични содржини