ДУИ предизвикува етнички тензии и во јавноста наметнува етнички предзнак на многу прашања, оти се водат истраги против нивни функционери, тврди премиерот Христијан Мицкоски, кој денес беше во посета на општина Тетово.
„Јас би ги повикал да се вратат на зелената агенда што ја промовираа пред неколку години, кога џогираа на падините на скопско Водно, можеби при таков еден џогинг, ќе им се разбистри умот и ќе дадат една квалитетна идеја“, рече Мицкоски.
Мицкоски одговарајќи на прашањето за можното напуштање на Коалицијата од страна на министерот за здравство Арбен Таравари, рече дека Владата функционира обединето и единствено.
Оваа Влада би рекол има, неофицијално чиста двотретинска поддршка во рамките на македонското Собрание, реално 78 пратеника ја поддржуваат. Во јавноста има многу информации, јас би се воздржал од било какви коментари, само би кажал Владата функционира обединето, единствено. Оваа Влада би рекол има, неофицијално чиста двотретинска поддршка во рамките на македонското Собрание, реално 78 пратеника ја поддржуваат, така што за разлика од минатото кога секој ден на стаклени нозе висеше мнозинството, овој пат тоа е стабилно и треба да ја оставиме Владата да работи, изјави Мицкоски.