Мицкоски: Двајца грчки европратеници од ЕНП беа воздржани за Извештајот за Македонија

од Nikola Popovski
626 прегледи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вели дека бугарскиот европратеник Андреј Ковачев е член на парламентарната група ЕНП и оттаму очекувале амандман за „модерен“ македонски идентитет и јазик во предлог-извештајот за Македонија на патот кон ЕУ.

Според премиерот, 15 пратеници од ЕНП биле „за“ Извештајот на известувачот Томас Вајц, а тројца пратеници биле против. Меѓу функционерите што гласале бил и Дејвид Мекалистер, претседател на Комисијата за надворешни работи на ЕП (АФЕТ).

Мицкоски информира и дека двајца грчки европратеници биле воздржани.

-Ова беше гласањето во рамките на ЕНП. Ги имаме точно со име и презиме. Добро е што ја поминавме првата пречка и добро е што видовме дека не е суштината само неколку стотина Бугари (во Уставот). Не знам дали ќе успееме и на пленарната седница, но жестоко ќе се бориме. Ова прашање ќе се покрене сега и во Хаг. Дали некоја земја-членка во НАТО попречува друга во интеграцијата и со тоа ја нарушува безбедноста во регионот? И за тоа треба да се одговори, кажа премиерот на денешната прес-конференција по неуспешниот Предлог-амандман за воведување на формулацијата „модерен“ во Извештајот за земјава.

Слични содржини