Мицкоски е задоволен од Извештајот на ЕК и тврди дека Македонија е пред Албанија во осум области

„Кога ќе се анализираат состојбите на државите кој е спремен, објективната оценка е дека Црна Гора е прва, второто место сме ние и Србија, па потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово....“, тврди Мицкоски за подготвеноста на земјите-кандидати

од Nikola Popovski
27 прегледи

Да ги направиме уставните измени, најдобро ќе бидеме и потоа да добиеме ново вето и повторно нови проблеми. Тогаш сигурно ќе добиеме „петка“ и ќе бидеме шампиони, вели премиерот Христијан Мицкоски за последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ.

Сепак, премиерот вели дека е задоволен од тоа што било објавено за земјава во официјалниот документ од Брисел.

-Од она што е напишано, јас сум исклучително задоволен бидејќи нема назадување. Има стагнација во неколку области и тоа сите го зборуваме – владењеето на правото и борбата против корупцијата. Затоа нон-стоп зборувам дека се потребни промени во Судскиот совет, Обвинителството…Сега по завршување на изборите, многу сериозно ќе се занимаваме со таа тема. Во сите области има мал напредок или значителен. Генерално Извештајот го оценувам како добар, порача Мицкоски.

Премиерот не се согласува дека други земји од Западен Балкан се пред нас на евроинтегративниот пат.

-Ние сме многу пред Албанија во осум области, иако некои од еврокомесарите даваат такви изјави какви што даваат. Кога ќе се анализираат состојбите на државите кој е спремен, објективната оценка е дека Црна Гора е прва, второто место сме ние и Србија, па потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово….Но, треба да работиме и ќе работиме. Оваа Влада е реформска, додаде претседателот на Владата.

Слични содржини