Мицкоски ги критикуваше Спасовски и Бубевски: „На пресот слушнавме енциклопедиски информации“

од Nikola Popovski
292 прегледи

На денешната прес-конференција слушнавме енциклопедиски информации, без ниту еден конкретен доказ, ниту нешто кое што МВР и Обвинителстовто требало да го преземат. Тежок ден, мое најголемо сочувство, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за објавените детали од страна на првите луѓе на полицијата и Скопското јавно обвинителство.

Лидерот на најголемата политичка партија одговараше на новинарски прашања пред почетокот на денешната лидерска средба во Собранието.

Тој говореше и за политичките состојби, наведувајќи дека нема да има уставни измени и дека за неколку месеци од денеска, многумина политичари ќе бидат минато на политичката сцена.

Мицкоски кажа дека денеска на средбата нема да се зборува за техничката влада или уставните измени.

Слични содржини