Мицкоски ги објави носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека тој ќе биде носител на пратеничката листа во првата изборна единица. Тој ги откри и имињата на носителите во другите изборни единици.

Во втората носител ќе биде Владо Мисајловски, во третата пратеникот Драган Ковачки, во четвртата потпретседателот на партијата, Александар Николоски, а во шестата пратеничката Дафина Стојаноска. Одлуката за тоа кој ќе биде носител воизборната единица пет ќе биде донесена во текот на денот.

Најави дека програмата за изборите се финализира, како и дека има во неа многу новинети.

-Не ветуваме премногу и чуда, но тоа што е ветено, стоиме позади тоа и врз основа на тоа, ќе ја градиме нашата политика. После две години, истата програма ќе биде ревидирана и надградена откако реално ќе ги видиме ресурсите со кои што ќе располагаме. Имаме информација дека она што ќе го следиме од оваа власт е алармантно и катастрофално, кажа денеска Мицкоски од Аеродром.

Тој посочи дека овие избори не се избор помеѓу Европа и изолација.

„Овие избори се одлука на граѓаните во Македонија помеѓу Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Зечевиќ, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски од едната страна и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата од друга страна“, кажа меѓу другото претседателот на опозицијата.

Рокот за внатрепартиски анализи и пазарење истекува на 2 април на полноќ, до кога кандидатските листи треба да се поднесат до Државната изборна комисија.

Слични содржини