Премиерот Христијан Мицкоски ги повика жителите на Центар в недела да излезат масовно на вториот круг на изборите и да му ја дадат својоата поддршка на кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ. Мицкоски кој денеска на последниот ден од изборната кампања имаше заедничка средба со Лабудовиќ и кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски, со жителите на централната скопска општина и се задржа во срдечен разговор со нив, нагласи дека само на таков начин може да се очекуваат вистински промени во Центар и општината повторно да си го врати сјајот што и припаѓа. „Сакам да ги замолам сите граѓани на Центар од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на 2 ноември да излезат масовно на гласање и да го поддржат кандидатот за градоначалник Мирослав Лабудовиќ. Убеден сум дека Центар ќе има нов градоначалник со кого како Влада, заедно со градот Скопје ќе имаме ефикасна соработка“, нагласи премиерот Мицкоски.
Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ нагласи пак дека денеска завршува петнеделаната изборна кампања во која тој со поддршка од неговиот тим и партнерите од ВМРО-ДПМНЕ влегле во стотици домови и разговарале со илјадници граѓани од Центар – ги слушнале нивните желби, заложби и идеи кои во иднина треба да бидат патоказ за следниот мандат.
“Но, во истовреме, слушнавме и критики, за тоа како се води општината од актуелното раководство како брутално се бетонизира, а во исто време се запоставува целосно. Токму затоа, време е за нов дух, нова енергија која ќе го преземе управувањето со општината и што вистински ќе се избори за нови вредности и ќе го врати лицето на Центар такво какво што заслужува да биде – почисто, поурбано со повеќе зеленило, и побезбедно.. Верувам дека со поддршка од Владата, заедно со Орце Ѓорѓиевски ќе успееме да му дадеме нов лик и на Центар и на Скопје“, рече Лабудовиќ, повикувајќи ги сограѓаните да гласаат за број 2 на гласачкото ливче за Центар и за број 9 – за Орце Ѓорѓиевски за Скопје.
Понуден е нов концепт и визија со кој Скопје ќе се менува во наредните четири години, рече кандидатот за градоначаланик на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски кој, како и премиерот, му даде целосна поддршка на Лабудовиќ на изборите за два дена. „Верувам дека граѓаните на Центар јасно и недвосмислено ќе го подржат Мирослав Лабудовиќ и се радувам дека скопјани се будни и подготвени за промени. Не само за Скопје, туку и во Центар“, констатираше Ѓорѓиевски.