Мицкоски го кажа своето мислење за изборот на новиот претседател на Судскиот совет

од Nikola Popovski
88 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски засега нема коментар по повод изборот на новиот претседател на Судскиот совет, Александар Камбовски.

-Немам коментар. Некако пречесто коментираме и пречесто експертите ги коментираат нашите коментари. Немам што да кажам ниту да дополнам на тоа што се случува. Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет, рече премиерот на настан по повод пуштање на употреба на спортска сала „25 Мај“ во Општина Радовиш.

Битолскиот судија Александар Камбовски, со 13 гласа за, од 15 членови на Судскиот совет избран за нов претседател на советот откако Весна Дамева на крајот на минатата година поднесе оставка од функцијата.

Камбовски е дипломиран правник и магистер по правни науки. За прв пат е избран за судија во 2010 година во Основниот суд Битола како дел од втората генерација слушатели на Акдемијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Седум години подоцна, во 2017 година, Камбовски е избран за судија на Апелацискиот суд Битола кога станува и предавач на (АСЈО). На крајот на февруари минатата година беше избран за в.д. претседател на судот, а на почетокот на јуни 2024 година беше избран за член на Судскиот совет.

Слични содржини