Мицкоски го поддржа директорот на Канал 5: Реакцијата беше очекувана

од Nikola Popovski
515 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изрази поддршка до новинарот, директорот и до самата ТВ Канал 5 во однос на случувањата во вчерашната емисија „Само вистина“.

-Нормално се очекува реакција од луѓето кои што го водат медиумот. За мене, реакцијата која што следеше е очекувана и можам лично да кажам огромна поддршка до медиумот. Да продолжите да работите професионално, затоа што таквите ликови кои што вчера нападнаа без аргументи, со квалификации кои што се непримерни, ќе заминат од политичката сцена,а вие треба да траете и да бидете препознатливи според кредибилитетот и професионалноста како новинари, рече Мицкоски на денешната прес-конференција запрашан за гостувањето на владиниот советник Исмет Рамадани во емисијата.

 

Слични содржини