Здружението на Македонци во Бугарија „ОМО Илинден – Пирин“ денеска информира дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на официјалното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија.
Од здружението уште еднаш повторија дека отворањето на македонскиот клуб е официјално дозволено од градоначалникот на Благоевград.
-Ќе присуствуваат делегација начело со председателот на ВМРО ДПМНЕ Хрситијан Мицкоски, делегација од Левица, и други политичари од Македонија. Се очекува да присуствуваат и претставници на Македонците од Албанија и Грција. Тоа не е конечен список, велат од „ОМО Илинден-Пирин“.
Меѓу поканетите на отворањето на клубот е и новоименуваната амбасадорка на РСМ во Софија, Агнеса Руси Поповска.
Вчера премиерот Димитар Ковачевски најави дека нема да присуствува во Благоевград на отворањето, но порача дека Владата ќе ги испрати официјалните документи до нивните бугарски колеги за македонскиот културен центар.
Отворањето на клубот е закажано за недела, 30-ти октомври.
Македонските здруженија во Бугарија веќе имаат добиено над 10 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур, но властите во Софија не ги почитуваат.
Претходно беше усвоена декларација од Советот на општината Благоевград која всушност беше противење на тоа да се отвори македонскиот културен клуб Благоевград, при што гласаа 29 советници, а воздржани беа само четворица.