62
На маргините на Самитот, премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер, каде се очекува постигнување договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство.
Овој договор ја поставува Македонија во фокусот на интересите и соработката со една од највлијателните светски сили. Станува збор за ново и значајно поглавје во односите меѓу двете држави, со потенцијал за продлабочена економска и политичка соработка.
Преговорите траеја неколку месеци и го опфаќаат развојот на блиска соработка во повеќе стратешки области.