Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат долг од 628 илјади денари кон „Комуналец“, порача Мазнева

од Nikola Popovski
447 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ има долг кон ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, информира директорката на претпријатието Косана Мазнева.

Таа ѝ порача на партијата „да не се занимава со Комуналец бидејќи има кој добро да ја менаџира“.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ би ги замолила да си го платат долгот од 628 илјади денари. Ниту една друга политичка партија не должи толку многу на „Комунална хигиена“ колку што должи ВМРО-ДПМНЕ. Би ги замолила само долгот да си го платат и ништо друго, рече Мазнева во гостувањето на „Инфомакс“.

Директорката порача дека е вчудоневидена од овој податок.

Слични содржини