Мицкоски има „лично разбирање“ за бојкот на маркетите

од Nikola Popovski
71 прегледи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски има лично разбирање за акцијата на граѓаните и најавениот бојкот на маркетите и продавниците поради високите цени на производите. Според него, нема дилема тука бидејќи од самиот почеток зборувал за однесувањето на поединци во бизнисот и преку шпекулации се обидуваат генерираат високи профити.

Премиерот информира дека институциите и Пазарниот инспекторат ја следат состојбата и навремено реагираат.

На прашањето на поплаките на дел од производителите дека се уценувани од големите ланци на маркети, кои што, како кажа новинарот, се обидуваат да го изиграат Законот за нефер трговски практики. Мицкоски кажа дека има две дилеми:

-Прво, ако се случува е кривично дело и ве молам кажете ги тие два супермаркети, како се викаат, му рече премиерот на новинарот. Мицкоски истакна дека надлежните органи ќе го повикаат новинарот и ќе ги каже пред нив, на што новинарот соопшти дека се работи за маркетите „Тинекс“ и „Веро“.

-Јас од моментов кога ќе ја напуштам оваа прес-конференција, ќе се обратам до соодветните институции за да преземат мерки, наведе претседателот на Владата.

Слични содржини