Јасна е кондицијата, во првата половина од годината растот на БДП е далеку од под проектираниот, ако беше проектиран 3, 3 и повеќе проценти, во првата половина е едвај еден и половина. Индустриското производство и веќе и во третиот квартал, на почетокот би рекол и крајот паѓа драматично со двоцифрена бројка. Говорам тука пред се за преработувачката индустрија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на општина Ново Село во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Мицкоски додаде дека буџетот на Македонија не се полни според проекциите на власта и параметрите се доста загрижувачки.
„Параметрите кои што ги има економијата во Македонија се загрижувачки, буџетот не се полни онака како што се предвидуваше. Падот е некаде 5, 6, 7 проценти“, појасни Мицкоски.
„Градоначалниците добија известување од министерството за финансии дека дотациите исто така ќе бидат намалени, а еднашка веќе беа намалени. Сега поради тоа што државата и луѓето одговорни да се грижат за функционирањето на државата не ги бива, сега треба повторно да ги казнуваме општините и да ги намалуваме дотациите“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
Тој посочи дека инфлацијата во Македонија бележи рекорди.
„Инфлацијата бележи рекорди, два пати е поголема од таа во еврозоната. Основните прехранбени продукти се со двоцифрен број проценти поскапени споредено со истиот период минатата година“, истакна тој.