Мицкоски: Интерпелацијата на Гаши е незрело и глупаво однесување на СДСМ, Левица и ДУИ

од Nikola Popovski
42 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека обидот за интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши е незрело и глупаво однесување на коалицијата СДСМ-ДУИ-Левица и нема никаков никаков основ за смена на собранискиот спикер.

Вели дека нема да ја поддржат иницијативата за интерпелација и имаат голем број аргументи зошто тоа не треба да се направи.

-Разликата во водењето на Македонија на оваа и онаа влада е огромна и тоа веќе се чувствува насекаде низ Македонија. Можете да забележите кај граѓаните. Доста е од порази и конечно ќе почнеме да победуваме, рече Мицкоски на првиот училишен ден и посетата на ОУ „Стив Наумов“ во Скопје.

 

Слични содржини