Мицкоски инволвиран во вербален инцидент по отворањето на „Никола Вапцаров“

од Nikola Popovski
184 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил инволвиран во вербален инцидент со еден граѓанин во Благоевград после отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

Имено, граѓанинот кој носел звучник од кој одекнувало патриотски песни, го нарекол Мицкоски предавник и побарал од него да зборува бугарски, јавува МИА.

„Србите ви даваат пари“, му рекол граѓанинот на претседателот на најголемата опозициска партија.

Потоа што насобраните граѓани почнале да извикуваат „Македонија, Македонија“. Инцидентот се случил кога гостите и домаќините се упатиле кон споменикот на таткото на Гоце Делчев.

На градскиот плоштад во Благоевград, истовремено со отворањето на клубот се организираше и протест на партијата ВМРО-БНД на чело со бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Тој истакна дека денешниот ден станува збор за тешка провокација организирана од Скопје.

-Протестираме против собирот на активни македонски политичари со сепаратистите во Бугарија. Луѓето кои стојат зад овој клуб велат дека Бугарија е окупатор во Пиринска Македонија, дека Благоевград е македонски. Ова е апсолутно кршење на Договорот за добрососедство и секоја форма на добрососедство и добри односи меѓу земјите, рече тој во изјава.

Слични содржини