Мицкоски кажа зошто младите се иселувале од земјава

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конференцијата на Унијата на млади сили на партијата што денеска се одржува во Велес, изјави дека тоа што младите си одат од Македонија, според него, не е затоа што нашле подобро место од својот дом, туку затоа што не биле слушнати кога гласно говореле.

-Денес мотивот за иселување од Македонија не е само побогат живот во странство, туку и желбата за подобар систем кој не го наоѓаат тука. Затоа си одат професори, доктори и луѓе на кои не им е најважна платата, туку иднината која не ја гледаат тука, системот кој ги изневерил многу пати порано. Затоа што нивните сонови беа уништувани системски и многу долго. Да погледнеме на вистината во очи. Имаме загубени генерации. Моето срце се распарчува кога ќе ги видам празните клупи по факултетите, празните улици по градовите и полните автобуси и авиони со млади луѓе кои си заминуваат, порача Мицкоски.

дециден дека работите може да се променат само доколку отворено се пристапува и се разговара, и ако заеднички се води борбата.

-Затоа денес секој чекор кој го преземаме е да ја вратиме надежта и создадеме систем на ред и одговорност. За тоа ни е потребна мобилизација и шанса за секој еден човек кој сака искрено да работи и покажуваме дека може поинаку. Никогаш не ветував чуда, невозможни работи, но затоа беспоштедно и максимално ќе се борам за секој еден човек и за заедничката иднина. И мора да го смениме системот и да ја вратиме надежта, рече Мицкоски.