Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски открил дека ќе биде носител на изборницата единица 1 следните парламентарни избори.
-Јас сум роден во Скопје, тука сум израснат, живеам во општина Карпош, општина Карпош е дел од изборната единица 1 и логично е тоа да биде практично единицата во која што би ја предводил листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, потенцирал Мицкоски.
Убеден е дека на следните избори ДУИ ќе биде многу непријатно изненаден од бројот на освоени гласови и пратеници во македонскиот парламент.
-Ова раководство на ДУИ и дел од луѓето кои се дел од него се сериозно според индициите и информациите кои ги имаме, длабоко вплеткани во криминал. Нашата посакувана опција е така наречената албанска опозиција. Видовме пред некој ден окрупнување околу таа опозиција, рекол Мицкоски во интервјуто за „Република“.