Мицкоски ќе се консултира со пратениците, коалициските партнери и ИК на ВМРО-ДПМНЕ пред лидерската средба во среда

од Nikola Popovski
241 прегледи

Средбата во среда ќе биде тет-а-тет, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ за лидерската средба меѓу Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски која ќе се одржи во Клубот на пратеници.

Од најголемата опозициска партија истакнуваат дека во наредните два дена, Мицкоски ќе изврши широки консултации со пратеничката група, партиите дел од Коалицијата и Извршниот комитет на партијата.

Ставот на партијата е дека уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор, истакнуваат од опозициската партија.

Иако пред нецела седмица премиерот спомена дека освен лидерите на средбата би присуствувале и неговиот и тимот на опозицискиот лидер, сепак, во владиното соопштение во кое се информира за средбата се наведува оти таа ќе се одржи помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Слични содржини