Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели, потребни се промени зашто секој ден се случуваат скандали, како последниот со како што го нарече, бандитскиот упад во контролата за летање на македонската навигација.
Во опозициската партија се прават последните комбинаторики пред формирање на техничката влада. ВМРО-ДПМНЕ на 11-ти месецов треба да пресече за нивните кадри, но, Мицкоски вели дека сегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери не ја заслужува нивната поддршка за технички премиер.
Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за техничката влада, Мицкоски вели дека неговиот став е јасен и ќе го соопшти и на централниот и на извршен комитет на партијата.
-Талат Џафери не ја заслужува поддршката на ВМРО-ДМНЕ и ќе се воздржиме од гласање, рече Мицкоски по божествената литургија по повод Христово раѓање – Божиќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски”
Се уште не е закажана лидерска средба Ковачевски и Мицкоски. Седницата за избор на новата пржинска влада се очекува да се одржи на 27 – ми јануари, а испразнетото место во ДИК сè уште е камен на сопнување меѓу власта и опозицијата.