Мицкоски: Кога јас би го презел случајот со Онкологија, истрагата би траела 24 часа

од Stefanija Kuzmanovska
338 прегледи

Без озбилна поддршка од високо позиционирани политички фигури случајот со Онкологија е невозможно да се изведе, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за отворањето на новата општинска зграда на Општина Петровец.

„Не може мене никој да ме убеди дека на неколку медицински работници и криминални директори им текнало, на маката на болните од рак, наместо да го добијат медицинскиот третман, да ги препродаваат тие лекарства, да ги шверцуваат и на тој начин да заработуваат. Не се само тие неколкумина, без озбилна поддршка од високо позиционирани политички фигури ова е невозможно да се изведе“, вели Мицкоски.

Наместо да се развлекува, додава Мицкоски, истрагата би требало да трае 24 часа, а сторителите веднаш да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Кога јас би го презел случајот, истрагата би траела 24 часа и наместо да се развлекува истрагата би ја скратил и сите оние кои се сторители на ова монструозно кривично дело веднаш би ги извел пред лицето на правдата, а од името на истражните органи, над кои што државата има ингеренции, би инсистирал за драконски казни, но се разбира дека последно е на судовите“, истакна Мицкоски.

Слични содржини