Мицкоски: Ковачевски ме навредува на неговите настапи

од Nikola Popovski
167 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Кавадарци повторно побара одржување предвремени парламентарни избори. Тој вели дека бил „навредуван од премиерот Димитар Ковачевски“.

-Додека Македонија има многу проблеми, тој онака храбро како комедијант одлучува да ме навредува мене и ВМРО-ДПМНЕ на неговите настапи. Ако е толку храбар, да одиме на предвремени парламентарни избори, па народот да даде оценка на кого ќе верува, рече Мицкоски.

Тој го опиша Ковачевски како „стенд-ап комичар“.

-Ќе останеме фокусирани да ги решаваме проблемите таму каде што имаме можност. Народот е разочаран од сите политичари. Ние се трудиме да покажеме дека можело да одиме напред и дека има надеж. Тоа е суштината на оваа генерација политичари од ВМРО-ДПМНЕ, кажа Мицкоски како одговор на новинарско прашање.