Мицкоски: Ковачевски си пее и ги забавува гостите во Белград

од Nikola Popovski
226 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го коментираше објавеното видео на српскиот претседател, Александар Вучиќ, на кое тој пее заедно со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. Претседателот на најголемата опозициска партија упати критики до премиерот.

-Скоро сите протестираат, само на еден му е добро, па го гледаме како ги забавува гостите во еден локал во Белград. Тој си пее, луѓето се мачат и протестираат, а резултатот од сето ова ќе дојде на избори. Важно е дека се што ветија, ништо не исполнија. Ќе има одговорност за криминалот и корупцијата, рече Мицкоски денеска од Струмица.

Вучиќ на својот профил на Инстаграм објави како тој, Ковачевски и Милатовиќ уживаат во народна музика и вино во еден ресторан во Белград. Таму овие денови се одржува вториот меѓународен саем на вино „Винска визија на Отворен Балкан“.

Слични содржини